| ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ
 Со формирањето на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје, изработен е Правилник за внатрешните односи и работењето на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, во состав на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје (Унив.гласник, година X, број 165, 31 декември 2010 година и Унив.гласник, година XIII, број 261, 25 октомври 2013 година). Во внатрешната организациска поставеност на Факултетот се формирани неколку центри, меѓу кои е и Центарот за  истражуавње и развој во дрвната индустрија (ЦИРДИ). Некои од основните задачи на Центарот за истражување и развој во дрвната индустрија , врз основа на кои ќе ја гради својата функција, се во областа на: 
                – применувачката, односно апликативната дејност,– поттикнување и организирање на соработка со компании од дрвната индустрија во земјата и странство,
 – организирање на професионални курсеви и обуки во доменот на дрвната индустрија,
 – други работи во интерес на Факултетот.
 Во составот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер постојат 8 (осум) Катедри,  кои покрај наставно-научните работни задачи, извршуваат и дејност од применувачката, односно апликативната работа. 
                • Катедра за анатомија и технички својства на дрвото• Катедра за економика и организација на дрвната индустрија
 • Катедра за композитни материјали
 • Катедра за конструкции и подготовка на производството
 • Катедра за машини, енергетика и транспорт
 • Катедра за примарна преработка на дрвото
 • Катедра за проектирање на мебел и ентериер
 • Катедра за технологија на финалното производство
 Раководител на центарот: Проф. д-р Горан Златески
 E-mail: zlateski@fdtme.ukim.edu.mk
 тел. 078-491-842
   
 |