УКИМ
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер – Скопје
Ул. 16-та Македонска бригада бр.3
п. фах 223, 1000 Скопје

тел.: 02/6154660
факс: 02/6154590
e-mail: kontakt@fdtme.ukim.edu.mk

 

ОТВОРЕНА СРЕДБА НА ФИРМИ ОД ОБЛАСТА НА ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА И ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДИЗАЈН И
ТЕХНОЛОГИИ НА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР – СКОПЈЕ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер и Центарот за истражување и развој во дрвната индустрија (ЦИРДИ) организира отворена средба со претставници на фирмите од областа на дрвната индустрија од општините Струмица, Радовиш, Гевгелија и Дојран. Средбата ќе се одржи на ден 25 април 2024 година (четврток), со почеток во 12 часот, во просториите на хотелот Сириус во Струмица.

Сите заинтересирани учесници ќе имаат можност да се запознаат и да разговараат со претставниците од ФДТМЕ во Скопје за активности поврзани со следните теми:

• стручна помош при изработка на апликации за учество на фирмите на конкурси од програмите:
ИПАРД - Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој;
ФИТР – Фонд за иновации и технолошки развој и сл.;

• изготвување на Елаборати за заштита при работа и екологија;

• услуги на Лабораторијата за тестирање на мебел на ФДТМЕ – Скопје;

• организирање на професионални курсеви и обуки во доменот на дрвната индустрија;

• стипендирање на редовни студенти запишани на ФДТМЕ во Скопје и изведување на практична настава во фирмите од областа на дрвната индустрија;

• други теми кои ќе произлезат од средбата.

Со оваа информативна средба сакаме да ја потикнеме двонасочната комуникација и да ја прошириме досегашна соработка помеѓу фирмите од областа на дрвната индустрија и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје .

Ве очекуваме на 25 април, во 12 часот!

 

Лице за контакт:
Проф. д-р Горан Златески, раководител на центарот
E-mail: zlateski@fdtme.ukim.edu.mk
тел. 078-491-842

 


 

 

© 2011 Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер - Сите права се задржани