Вовед во CNC програмирање – основи на програмскиот јазик „G-code“
Степенот на развој на современата технологија на обработка на материјалите ја наметнува потребата од квалификувана и стручна работна сила. Компјутерското нумеричко управување на машините претставува технологија којашто е широко применета во индустријата и сè почесто се применува и во нашата земја. Со цел да се задоволи оваа потреба, Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер организира обука за изучување на основните принципи на програмирањето на машините со нумеричко управување.
Имајќи ја предвид денешната ситуација, се поставува прашањето за безбедноста на учесниците при одржување на обуката. Од таа причина, донесена е одлука обуката да се одржува по електронски пат, со примена на платформата „Zoom“. За успешна реализација на обуката предавачите ќе го искористат своето искуство за одржување на „online“ настава стекнато во текот на изминатиот период.
- Термин на одржување
- втора половина на август 2020 година / прилагодено кон барањата и потребите на кандидатите
- Место на одржување
- „Online“, преку електронската платформа „Zoom“
Програма на обуката
| Ден | Време | Теми |
|---|---|---|
| Прв ден | 17:00 – 20:00 |
|
| Втор ден | 17:00 – 20:00 |
|
| Трет ден | 17:00 – 20:00 |
|
| Четврти ден | 17:00 – 20:00 |
|
| Петти ден | 17:00 – 20:00 |
|
| Шести ден | 17:00 – 20:00 | Полагање на завршен испит |
За следење на обуката е неопходно секој учесник да поседува компјутер со вградена веб-камера и микрофон, инсталирана платформа „Zoom“ и стабилна интернет-конекција.
Секој учесник на обуката ќе добие:
- материјал за следење на обуката во електронска форма,
- сертификат за посетување и успешно завршување на обуката.
Предавачи
- Проф. д-р Владимир Кољозов, редовен професор
УКИМ – Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер – Скопје - Проф. д-р Зоран Трпоски, редовен професор
УКИМ – Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер – Скопје
Постапка и рок за пријавување
Пријавувањето на учесниците се врши со пополнување на следната online пријава.
Цена за посетување на обуката
Цената на чинење за еден учесник изнесува 7.500 денари, со вклучен ДДВ.
Информации и прашања
За сите информации во врска со обуката, можете да се обратите на електронската адреса: seminar.cnc@fdtme.ukim.mk

