УКИМ
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер – Скопје
Ул. 16-та Македонска бригада бр.3,
п.фах 223, 1000 Скопје

тел.: 02/6154660
факс: 02/6154590
e-mail: kontakt@fdtme.ukim.edu.mk


МИСИЈА НА ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА

Центарот за кариера при Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер е врска меѓу студентите на нашиот факултет и деловната заедница. Центрот за кериера е формиран заради организирање практична настава за стдентите во функција на нивно практично усовршување, со цел создавање стручен кадар кој ќе применува современи иновативни техники и технологии во наставата, организирање саеми за каерира, како и водење евиденција за поранешни студенти (алумни).

На студентите им помага при планирањето на нивната кариера, извршувањето на практичната настава, во земјата и во странство и пристапот до работните места.

Исто така, центарот посредува меѓу барањето на компаниите за практиканти, го промовира факултетот пред пазарпт на трудот и воспоставува постојани врски меѓу студентите и деловната заедница.

АКТИВНОСТИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА ПРИ ФДТМЕ

  • Учествува во организирањето на задолжителната практична настава за студентите, со цел создавање стручен кадар кој ќе применува современи иновативни техники и технологии.
  • Им помага на студентите да ги планираат, идентификуваат и имплементираат нивните цели на кариерата.
  • Даваат предлози за иновирање на наставата за потребите на државата и економијата.
  • Ја поттикнуваат и ја организираат волонтерската работа на студентите.
  • Обезбедува информации за можностите за вработување и извршување на практичната настава.
  • Ги информира студентите за програмите за мобилност и го координира и помага нивното конкурирање за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.
  • Организира промоција на факултетот пред идните студенти, пред медиумите и на настани за кариера организирани на факултетот или во рамките на други образовни институции.
  • Помага при уписите на новите студенти на факултетот на сите студиски циклуси.
  • подготовка на мотивациско писмо, презентација на нивните квалификации, вештини, лични карактеристики и сл.
  • Одржува настани кои им овозможуваат на студентите да создадат контакти и интервјуа со работодавците.
  • Организира посети на студентите во компаниите/институциите.
  • Поттикнува и одржува континуирани партнерства со работодавците во Република Македонија.
  • Води евиденција за поранешните (алумни) студенти и ги ангажира за реализација на активностите на центарот.

ДОКУМЕНТИ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРАКТИЧНА РАБОТА

Раководител на центарот за кариера:
-
E-mail:

 


 

 

© 2011 Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер - Сите права се задржани