Плаќањето на сите надоместоци за запишување на семестарот може да се изврши онлајн, преку iKnow системот. За таа цел е потребно да се изберат предметите во согласност со студиската програма и да се изврши верификација на изборот од страна на службата за студентски прашања. За да се изврши верификацијата потребно е студентот да побара верификација во службата за студентски прашања, лично или преку електронската адреса st.sluzba@fdtme.ukim.edu.mk.
Системот дозволува запишување од страна на студентот до 35 кредити. Во колку студентот има намера да запише 36 кредити, за тоа треба да ја извести службата за студентски прашања, лично или преку електронската адреса st.sluzba@fdtme.ukim.edu.mk. За запишување над 36 кредити потребно е да се поднесе посебно барање.
По верификацијата на предметите, во табот 'Предмети' ќе се појави копче 'Плати онлајн' и ќе го одведе студентот до платформата за плаќање. По извршеното плаќање, вообичаено се потребни 30-40 минути за iKnow системот да го регистрира плаќањето.