Катедра за примарна преработка на дрвото
Членови на катедрата
Проф. д-р Бранко Рабаџиски, раководител на катедрата
e-mail: rabadziski@fdtme.ukim.edu.mk
тел.: 078-491-843
Проф. д-р Горан Златески
e-mail: zlateski@fdtme.ukim.edu.mk
тел.: 078-491-842
Апликативни дејности на катедрата
1. Изработка на техничко-технолошки проекти (студии) за механичка-пиланска преработка на дрвото:
- подигање нови пилански капацитети
- ревитализација на пилански капацитети
- дрвени палети и друг материјал за пакување
- изработка на паркет
- изработка на железнички прагови и нивна заштита
- техника и технологија на преработка на трупци
2. Изработка на техничко-технолошки проекти (студии) за хидротермичка обработка на дрвото:
- природно сушење на бичени сортименти
- термичко сушење на бичени сортименти
- парење на трупци и призми
- парење на бичени сортименти
- термо дрво
- варење на дрвото и пластификација
- уреди за парење и сушење на бичена граѓа (сушилници и парилници, автоматизирани)
3. Изработка на техничко-технолошки проекти (студии) за хемиска пребработка на дрвото:
- технологија и рециклирање на хартија и картонска амбалажа
- сува дестилација на дрвото
- конзервирање на дрвото со хемиски средства
- производство и преработка на смола и етерични масла
Во соработка со Лабораторијата за тестирање на мебел изработува: сертификати за дрвени палети, паркет, бродски под, масивно дрво, бичени сортименти (штици, талпи, фризи за паркет) и слични производи
Позначајни дела (студии, проекти и др.)
1. Студија: Техничко-технолошка и економска анализа за подигање на капацитет од примарниот комплекс за производи од масивно дрво, Скопје, 2014.
2. Студија: Анализа на квантитативното искористување на пилански трупци од иглолисни видови, Скопје, 2012.
3. Студија: Термичка обработка на дрвото (стерилизација) и осовременување на погон за преработка на бичена граѓа и изработка на производи за амбалажа, Скопје, 2006.
4. Инвестициона програма за производство на бичени материјали, Скопје, 2005.
5. Студија: Техничко-технолошка анализа на постојната состојба во АД „Огражден“ - Берово во пиланската преработка на суровината со осврт на хидротермичкиот третман на бичената граѓа, Скопје, 2003.

