Соопштенија за одбрана на магистерски работи – втор циклус (15)
На ден 19.11.2026 година (четврток) кандидатот дипл. инж. Оливер Стојановски јавно ќе го брани својот магистерски труд под наслов: „ПРОГРАМИРАЊЕ И ИЗРАБОТКА НА ТРОДИМЕНЗИОНАЛНИ ФОРМИ ОД МАСИВНО ДРВО СО ПРИМЕНА НА КОМПАКТНА CNC ГЛОДАЛКА“. Јавната одбрана ќе се одржи во салата за состаноци на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер со почеток во 11:00 часот.
На ден 04.11.2026 година (среда) кандидатот дипл. инж. Тони Тодоровски јавно ќе го брани својот магистерски труд под наслов: „ВЛИЈАНИЕ НА УПОТРЕБА, МОНТАЖА И ДЕМОНТАЖА ВРЗ ЈАКОСТА НА РАЗЛИЧНИ АГОЛНИ ВРСКИ КАЈ ПЛОЧЕСТ МЕБЕЛ - МАСИ“. Јавната одбрана ќе се одржи во салата за состаноци на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер со почеток во 11:00 часот.
На ден 14.10.2026 година (среда) кандидатот дипл. инж. Диме Ѓорѓиев јавно ќе го брани својот магистерски труд под наслов: „ВЛИЈАНИЕ НА ЈАКОСТА НА АГОЛНИТЕ СОСТАВИ НА ПРОЗОРОТ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЗОРОТ“. Јавната одбрана ќе се одржи во салата за состаноци на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер со почеток во 12:00 часот.
СЕ ОДЛОЖУВА јавната одбрана на магистерскиот труд под наслов: „ВЛИЈАНИЕ НА ЈАКОСТА НА АГОЛНИТЕ СОСТАВИ НА ПРОЗОРОТ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЗОРОТ“ изработен од студентот дипл. инж. Диме Ѓорѓиев закажана за ден 18.09.2026 година (петок) со почеток во 11:00 часот, поради спреченост за присуство на еден од членовите на Комисијата за одбрана.
На ден 24.09.2026 година (четврток) кандидатот дипл. инж. Трпе Матески јавно ќе го брани својот магистерски труд под наслов: „КОНСТРУИРАЊЕ НА УРЕД ЗА ПОМЕСТУВАЊЕ ПРИ БИЧЕЊЕ НА ОБЛО ТЕХНИЧКО ДРВО СО ЛЕНТОВИДНА ПИЛА“. Јавната одбрана ќе се одржи во салата за состаноци на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер со почеток во 11:00 часот.
На ден 18.09.2026 година (петок) кандидатот дипл. инж. Диме Ѓорѓиев јавно ќе го брани својот магистерски труд под наслов: „ВЛИЈАНИЕ НА ЈАКОСТА НА АГОЛНИТЕ СОСТАВИ НА ПРОЗОРОТ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЗОРОТ“. Јавната одбрана ќе се одржи во салата за состаноци на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер со почеток во 11:00 часот.
На ден 25.03.2026 година (среда) кандидатот дипл. инж. Теа Костадинова јавно ќе го брани својот магистерски труд под наслов: „CAD/CAM СИСТЕМ ЗА ДИЗАЈН И ПРОИЗВОДСТВО НА ПЕРСОНАЛИЗИРАНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД МЕБЕЛ ЗА ДЕТСКА СОБА“. Јавната одбрана ќе се одржи во салата за состаноци на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер со почеток во 11:00 часот.
На ден 16.04.2025 година (среда) кандидатот дипл. инж. Миле Цветкоски јавно ќе го брани својот магистерски труд под наслов: „ПРИМЕНА НА ПРОГРАМСКАТА АПЛИКАЦИЈА „POLYBOARD“ ПРИ ИЗРАБОТКА НА CNC ПРОГРАМИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЕЛЕМЕНТИ ЗА МЕБЕЛ“. Јавната одбрана ќе се одржи во салата за состаноци на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер со почеток во 11:00 часот.
На ден 03.03.2025 година (понеделник) кандидатот дипл. инж. Тоше Јованов јавно ќе го брани својот магистерски труд под наслов: „КВАЛИТЕТ НА БИЧЕЊЕ КАЈ ЛЕНТОВИДНИ ПИЛИ-ТРУПЧАРКИ“. Јавната одбрана ќе се одржи во Амфитеатар бр.20 на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер со почеток во 11:00 часот.
На ден 27.02.2025 година (четврток) кандидатот дипл. инж. Марио Тасевски јавно ќе го брани својот магистерски труд под наслов: „ВЛИЈАНИЕ НА БРЗИНАТА НА ПОМЕСТУВАЊЕ ВРЗ ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГЛАВНИОТ ЕЛЕКТРОМОТОР И РАПАВОСТА НА РЕЗНАТА ПОВРШИНА КАЈ ЛЕНТОВИДНА ПИЛА ТРУПЧАРКА“. Јавната одбрана ќе се одржи во салата за состаноци на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер со почеток во 11:00 часот.
На ден 11.07.2023 година, со почеток во 10:30 часот во просториите на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер - Скопје, ќе се одржи јавна одбрана на Магистерскиот труд под наслов: „ВЛИЈАНИЕ НА КЛАСАТА НА КВАЛИТЕТ НА ТРУПЦИТЕ ОД БУКА ВРЗ КВАНТИТАТИВНОТО ИСКОРИСТУВАЊЕ ПРИ ЕДНОФАЗНА ПИЛАНСКА ПРЕРАБОТКА НА СУРОВИНАТА“ изработен од дипл.инж. Димитар Стамболиски.
На ден 10.07.2023 година, со почеток во 10:30 часот во просториите на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер - Скопје, ќе се одржи јавна одбрана на Магистерскиот труд под наслов: „ВЛИЈАНИЕ НА БРЗИНАТА НА ПОМЕСТУВАЊЕ ВРЗ РАПАВОСТА НА БИЧЕНАТА ПОВРШИНА ПРИ БИЧЕЊЕ НА БУКА (FAGUS SYLVATICA) И БЕЛ БОР (PINUS SYLVESTRIS) СО ЛЕНТОВИДНА ПИЛА-ТРУПЧАРКА“ изработен од дипл.инж. Дарко Димовски.
На ден 08.06.2023 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер - Скопје, ќе се одржи јавна одбрана на Магистерскиот труд под наслов: „Техничко-технолошка анализа на вештачко конвективно сушење на пилански сортименти“ изработен од дипл.инж. Јета Рацај.
На ден 21.03.2022 година (понеделник) кандидатот Ана-Марија Стаменкоска јавно ќе го брани својот магистерски труд под наслов: „Технолошка анализа на топлинската енергија на парилница за парење на бичена граѓа од бука (Fagus sylvatica L.)“. Јавната одбрана ќе се одржи во салата за состаноци на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер со почеток во 11:30 часот.
ОДЛУКА за прифаќање наслов на тема и определување ментор за изработка на магистерски труд за кандидатот дипл. инж. Ана-Марија Стаменкоска.