ИНТЕРЕН ОГЛАС
ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМО ЕДЕН РОДИТЕЛ
СООПШТЕНИЕ
Се информираат студентите дека најдоцна до 14.10.2025 година можат да поднесат пријави согласно Интерниот оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година.
Пријавата со потребните документи во pdf - формат да се испратат на електронската адреса: ednoroditelski@fdtme.ukim.edu.mk
Потребни документи на пријавата:
- Изјава – за бројот на членови во семејството,
- Изјава за лични податоци,
-
потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата,
-
Уверение за остварени годишни приходи од УЈП за секој полнолетен член на семејството,
-
за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи,
-
за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија,
-
пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход
-
за родител на кој му е одземено родителското право - решение од надлежен суд и/или
- за починат родител - извод од матичната книга на умрените.
Преземање на документи:
• Интерен оглас
• Одлука за еднородителски
• Пријава
• Изјава – за бројот на членови во семејството
• Изјава за лични податоци
|