Настан
Отворена 39-та копаничарска колонија во Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“

На 9 мај 2026 година, во манастирот „Св. Јован Бигорски“ беше отворена 39-та копаничарска колонија, во организација на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер и Здружението на копаничари на Македонија (ЗКМАК).
Настанот беше отворен од претседателот на здружението, доц. д-р Никола Михајловски, проректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Лазо Пендовски и деканот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, проф. д-р Ѓорги Груевски.
Колонијата се одржува од 9 до 12 мај 2026 година и обединува истакнати мајстори-резбари и млади уметници од повеќе градови низ државата.
Во рамките на програмата учествуваат и студенти од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, кои преку практична работа и непосредна соработка со искусни резбари ги надградуваат своите знаења и вештини во областа на дизајнот, дрворезбата и уметничката обработка на дрво.
Во истиот период се одржа и 70-та Изложба на Здружението на копаничари на Македонија.
Фотографии
Кликни на фотографија за поголема верзија.
Објавата ја следите и на Инстаграм профилот на факултетот.

















