Почетна  /  Сите новости

Настан

Свечено отворена годишната изложба на студентите за учебната 2025/26 година

Плакат за годишната изложба на студентите, од 2 до 9 јуни 2026 година

На Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер беше свечено отворена годишната изложба на студентите за учебната 2025/26 година. Честа да ја отвори изложбата и припадна на Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, а пред присутните се обрати и деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорги Груевски, истакнувајќи го значењето на креативниот развој, знаењето и професионалниот напредок на студентите.

Изложбата им овозможи на посетителите одблиску да ги разгледаат иновативните решенија и визии на студентите од областа на дизајнот на мебел и ентериер.

Изложбата траеше од 2 до 9 јуни 2026 година, пред амфитеатарот бр. 20 на факултетот, а свеченото отворање беше на 2 јуни во 11:00 часот.

Фотографии

Кликни на фотографија за поголема верзија.

Објавата ја следите и на Инстаграм профилот на факултетот.