УКИМ
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер – Скопје
Ул. 16-та Македонска бригада бр.3,
п.фах 223, 1000 Скопје

тел.: 02/6154660
факс: 02/6154590
e-mail: kontakt@fdtme.ukim.edu.mk

 

Ги цениме нашите студенти и се трудиме да ја продолжиме нашата соработка со дизајнирање на АЛУМНИ (одбор за поддршка).

АЛУМНИ на ФДТМЕ во Скопје претставува одбор за поддршка (во рамките на Факултетот), во која членуваат студенти кои дипломирале, магистрирале и докторирале на ФДТМЕ, и кои со своето членство сакаат да останат во врска со Факултетот на кој поминале значителен дел од својот професионален живот.

Редовен член на АЛУМНИ (одбор за поддршка) може да стане секој студент/ка кој има завршено I, II и III циклус на студии на ФДТМЕ во Скопје.

Почесен и придружен член на АЛУМНИ (одбор за поддршка) може да стане секоја личност која е посебно заслужна за негување на угледот на Факултетот, и исто така за промоција на целите и задачите на Факултетот и АЛУМНИ (одборот за поддршка), и во исто време е подготвена со своето делување да придонесе за работата на АЛУМНИ.

Цели на АЛУМНИ (одборот за поддршка) при ФДТМЕ во Скопје:

• поврзување на сите генерации на студенти на ФДТМЕ поради остварување на нивна трајна соработка;
• развој и формализирање на постојната соработка со дипломираните студенти на Факултетот;
• систематско собирање на искуства и препораки од поранешни студенти со цел за подобрување на квалитетот на струдирањето и работата на Факултетот во целина;
• создавање на трајни врски помеѓу некогашните студенти кои се веќе професионалци, тековните студенти, наставниците на Факултетот, академската и пошироката заедница;
• поврзување на стопанството со Факултетот;
• ширење на општествена свест за АЛУМНИ идеата и културата, како облик на општествено одговорно однесување;
• ширење на угледот и промоција на Факултетот;
• зголемување на чувството на припадност и лојалност на алумни при Факултетот;
• зајакнување на врската помеѓу матичниот факултет и генерациите на поранешни и сегашни студенти, како и нивните пријатели во земјата и во странство;
• заштита на заедничките интереси на ФДТМЕ во Скопје и алумните.

Како член на АЛУМНИ (одборот за поддршка) при ФДТМЕ во Скопје се пристапува со пополнување на on-line пристапница. Податоците за пријавените кандидати се впишуваат во базата на податоци со информирање за членство преку e-mail порака.

 

Контакт

Телефон:
E-mail: alumni@fdtme.ukim.edu.mk
Facebook:

 

ПРИСТАПНИЦА


 

© 2011 Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер - Сите права се задржани