УКИМ
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер – Скопје
Ул. 16-та Македонска бригада бр.3,
п.фах 223, 1000 Скопје

тел.: 02/6154660
факс: 02/6154590
e-mail: kontakt@fdtme.ukim.edu.mk

СТИПЕНДИИ


Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува 5 (пет) стипендии на студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер-Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

1. Право да конкурираат на овој Конкурс имаат редовните студенти запишани на додипломски студии од прв циклус, кои го имаат завршено најмалку вториот семестар и кои ги положиле сите предвидени предмети со студиската програма од запишувањето на студиите, заклучно со септемврискиот испитен рок во 2017/2018 година, во редовните рокови, без презапишување на семестар и постигнале среден успех од најмалку 7.50, заклучно со есенскиот испитен рок во учебната 2017/2018 год.

Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари месечно и ќе се исплатува 10 (десет) месеци во студиската година почнувајќи од месец октомври заклучно со месец јули.

2. Правото на користење на стипендијата трае доколку редовно се исполнуваат условите заклучно со завршувањето на студиите од првиот циклус.

Право на стипендија немаат кандидатите кои што не напредувале редовно во повисок семестар.

3. Правата и обврските на добитниците на стипендијата ќе се утврдат со договор. Стипендијата ќе се продолжува секој семестар под услов, начин и постапка утврдени во договорот за доделување на стипендијата.

4. Како критериум во рангирањето, освен просечниот успех во студирањето е и материјалната состојба на студентите (Прилог бр. 1, Критериуми за рангирањето)

5. Потребни документи:

- Пријава (образец бр.1);

- Биографија (CV);

- Уверение за редовно запишани семестри, од почетокот (првиот семестар) на студиите;

- Потврда од факултетот дека се положени сите предвидени предмети, заклучно со септемврискиот испитен рок, без презапишување на семестар;

- Уверение со бројот на предвидените и положените испити од претходните семестри;

- Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата за оваа година, односно за пензионираните членови на семејството, да се достави документ за висината на пензијата

- Чек; за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или од друга институција;

- Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година за двајцата родители–старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;

- Изјава од кандидатот дека не е корисник на друга стипендија (образец бр.2);

- Изјава од кандидатот за вистинитоста на доставените документи и податоци (образец бр.3);

- Изјава за согласност за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (образец бр.4);

- Изјава за бројот на членови на потесното семејство на кандидатот (образец бр.5).

Обрасците може да се преземат од веб страната: www.fdtme.ukim.edu.mk односно истите се интегрален дел од објавата на овој конкурс.

Потребните документи кон пријавата по овој Конкурс се доставуваат во копија.

6. Пријавите, со потребната документација, се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на огласна табла на Факултетот и на web страната на Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер-Скопје, во плик во А4 формат по пошта, на следнава адреса: Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер-Скопје, ул. 16-та Македонска Бригада бр. 3, п. Фах 223, 1000 Скопје или во архивата на Факултетот на истата адреса. (со назнака за Конкурсот за доделување стипендии од Фондацијата Атанас Близнакоф) Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер- Скопје Фондација „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје

Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер- Скопје
Фондација „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје

 
© 2011 Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер - Сите права се задржани