| ЛТМ- Науката во функција на вашиот мебел
 Лабораторијата за тестирање на мебел и ентериер е составен дел од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Градежниот дел на Лабораторијата почнува да се гради уште во 2009г. додека сеуште е дел од Шумарскиот факултет. Опремата со која располага Лабораторијата пристигнува 2010г. По опремувањето на лабораторијата се избира тим на кој се врши соодветна интерна обука и се проучуваат стандардите и методите по кој се врши тестирањето. Истовремено се врши воведување и ситемот за квалитет. Основна цел на Лабораторијата за тестирање на мебел е грижата за крајните корисници на мебел. Со тестирањето на мебелот се заштитува крајниот корисник од несакани повреди и деформации на човековото тело како и заштита од непотребно губење на енергијата во објектите. 	Обучениот тим, софистицираната опрема како и постојаната контрола на квалитетот нудат реални резултати за тестираните единки Услуги: •	Тестирање на мебел, градежна столарија, композитни материјали како и производи за градежни и транспортни елементи, •	Изработка на тест извештај за тестираните единки,
 •	Стручни совети за подобрување на својствата на тестираните единки,
 •	Издавање на Сертификат за секоја единка со позитивен тест извештај.
 Работно време: 8:00 - 16:00 (понеделник-петок) 
 |